Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем беше на праг до најголемото летно засилување, зашто требаше да пристигне Пауло Дибала од Јувентус, но на крајот тоа пропадна.
Еден од најпознатите новинари, Давид Орнштајн објави дека трансферот на Аргентинецот во Лондон пропаднал.
Дибала бил во Лондон со својот агент, кадешто преговарал за потребните детали со Тотенхем, а потоа наеднаш Јувентус се повлекол од преговорите.
Причината е непозната, а медиумите шпекулираат дека Јувентус, наводно, се предомислил и сега не сака да го продаде Дибала.
На тој начин Тотенхем ќе остане можеби и без најголемото засилување летово, а сите очекуваат објаснување од Јувентус што се случува и зошто наеднаш се повлекоа од преговорите за Дибала.