Пресврт во Реал Мадрид – добри вести по хаосот!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ доби негативен тест на вирусот, иако беше во изолација со уште неколку соиграчи затоа што претходно имаше позитивен тест.

Ова попладне фудбалерите на Реал пристигнаа во тренинг-центарот за да направат тестови пред мечот против Кадиз, а иако Модриќ беше отпишан, сепак доби негативен тест.

Хрватскиот ветеран во неделата против Атлетико Мадрид одигра одличен меч во победата од 2-0 и ќе биде проблем за тренерот Карло Анчелоти ако не може да смета на него.

И покрај тоа што Модриќ доби негативен тест, сепак останатите имаа пак позитивни тестови, а тоа се Марсело, Марко Асенсио, Родриго, Герет Бејл и Лунин.

Натпреварот меѓу Реал и Кадиз се игра во недела од 21 часот.