Пресврт во ситуацијата со Кутињо: Сетиен потврди дека Бразилецот би можел да остане


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Фелипе Кутињо ова лето повторно ќе ја промени средината и ќе игра во друг клуб.

Откако стана јасно дека Баерн минхен не планира да го откупи неговиот договор за 120 милиони евра се појавија шпекулации дека неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за Кутињо.

Сепак, според последната изјава на тренерот на Барселона, Кике Сетиен би моежло да се заклучи дека Бразилецот на крај би можел да остане на „Камп Ноу“.

„Кутињо? Тој ми се допаѓа многу како играч. Се уште е играч на Барселона и тие кои го сакаат мора да ја платат клаузулата или одреден износ кој ќе биде договорен со клубот. Ќе видиме што ќе биде и дали на крајот ќе остане со нас. Нема сомнеж дека станува збор за одличен играч“ –изјави Сетиен.