Пресврт во случајот со Џеко: Босанецот не оди во Интер, но заминува од Рома и останува во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулираше дека Интер е во пол позиција за ангажман на босанскиот напаѓач од редовите на Рома, Един Џеко.

Сепак, „волчицата“ веќе одби две понуди од Интер, а клубот од „Меаца“ никако да испрати прифатлива понуда со која ќе го обезбеди потписот на играчот.

Сега медиумите во Италија пишуваат дека и Наполи се вклучил во трката за Един Џеко. Анчелоти  сака искусен напаѓач затоа што во моментов не е јасна иднината на Аркадиуш Милик.

Секако Рома нема да го пушти Џеко без правилно обесштетување, но бидејќи двата клуба се во добри односи и веќе реализираа два големи трансфери (Костас Манолас и Амаду Дијавара) може да се очекува уште една соработка.