Пресврт во случајот со фудбалерот на Манчестер Јунајтед: Иако се најавуваше заминување, неговиот агент потврди дека е пред останување…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг беше многу блиску до заминување од клубот.

Неговиот агент беше во напредни преговори со Интер, клуб кој требаше да го ангажира играчот по крајот на оваа сезона како слободен агент.

Сепак, сега се чини дека Чонг ќе го продолжи договорот со клубот, а тоа го потврди и агентот Еркан Алан.

„Имаше голем интерес за него, преговаравме со големи клубови. Сепак, Манчестер Јунајтед дојде со добар план за Тахит. Тој сака да остане во клубот кој го донесе од Холандија“- изјави Алкан.

Се верува дека Чонг ќе потпише нов повеќегодишен договор со „ѓаволите“ и според него ќе заработува по 30.000 фунти неделна плата.