Претседател на клуб од АБА уапсен поради шверц на цигари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Специјалното државно обвинителство побара од црногорската полиција да го уапси Ѓорѓе Павичевиќ кој е претседател на Морнар.

Павичевиќ е уапсен поради шверц на цигари и лишен од слобода, па сега следи кривична постапка против првиот човек на тимот кој игра во АБА-лигата.

„По барање на Специјалното државно обвинителство, а по претресување на просториите на компанијата „П“ ДОО Б. Специјалното полициско одделение ги приведе Ѓ.П . основачот и одговорното лице на фирмата, како и поранешната вработена во фирмата Н.К. и двајца службеници на Управата за приходи и Царина, И.К. и В.Ѓ. поради постоење основни соменвања дека сториле кривично дело создавање на слосторничка организација, фалсификување службена исправа и крумчарење преку помагање“, соопшти обвинителството.