Претседателот на Атлетико: Никој не знае каде ќе оди Гризман, Барселона не ме контактирала

Иако поминаа неколку седмици откако Французинот Антоан Гризман откри дека ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот од сезоната, името на клубот во кој ќе премине е сеуште непознато.

Денес, претседателот на Јорганџиите Енрике Серезо, пред медиумите изјави дека никој не знае каде ќе замине Гризман:

„Не знам каде ќе замине, не ми кажа. Воопшто немам поим каде би можел да отиде“, изјави Серезо, одговарајќи на новинарско прашање дали Гриезман ќе оди во Барса:
„Никој од Барселона не ме контактирал“, накратко искоментира првиот човек на Атлетико Мадрид.

„Гризман беше со нас пет години и тој одлично ја заврши работата, имаме добри односи, коректен и со доверба. Се надевам дека каде и да оди, тој ќе биде третиран како кај нас”, додаде претседателот Џорџ.

Освен Барселона, Гризман се поврзува и со Манчестер Јунајтед, но тешко е да се поверува дека тоа ќе се оствари.