Претседателот на Барселона откри: Меси може да игра фудбал до 45 години!


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу порача дека Лионел Меси нема да го напушти каталонскиот гигант.

Меси беше повторно фантастичен во дресот на Барселона, откако против Ливерпул постигна два гола во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Во претходните денови се шпекулираше дека Меси ќе се врати во Аргентина и ќе ја заврши кариерата во Њуелс Олд Бојс, но очигледно такво нешто нема да се случи.

„Меси му припаѓа на светскиот фудбал, но секогаш живееше во Барселона. Никогаш нема да замине. Ќе престане да игра, но секогаш ќе биде со нас. Би можел да игра додека не наполни 45 години. Тој знае дека може да игра уште четири-пет врвни сезони“, вели Бартомеу.