Претседателот на ФИФА предупреди: Ниту еден меч не е вреден колку човечкиот живот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ги предупреди сојузите да не ги почнуваат натпреварувањата предвреме откако тие претходно беа прекинати поради пандемијата на коронавирусот.

Инфантино кажа дека приоритет на ФИФА се човечките животи и здравјето, а не фудбалот.

„Наш приоритет е здравјето. Ниту еден меч, ниту едно натпреварување не е вредно колку еден човечки живот. На сите во светот треба тоа да им биде јасно. Неодговорно е да се форсира старт на натпреварување ако состојбата во светот не е стабилна со вирусот“, кажа Инфантино.

Инфантино кажа и дека се појавиле финансиски проблеми поради откажаните натпреварувања, но порача дека сите ќе работат заедно и ќе бараат решенија за да се надмине големиот проблем.