Претседателот на фудбалскиот сојуз на Франција со тежок удар за еден репрезентативец: Тој повеќе нема да заигра за нас…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грае за прв пат по долгогодишната дебата истакна дека Карим Бензема повеќе нема да игра во оваа репрезентација.

Имено, Бензема го нема во дресот на „галските петли“ од времето кога излезе снимка од секс скандалот поврзан и со Метју Валбуена.

„За мене Бензема е многу добар играч. Никогаш не ги критикував неговите квалитети. За континуитетот, тој покажува оваа година во Мадрид дека е еден од најдобрите играчи на неговата позиција. Но,неговата авантура во Франција е готова“ –изјави Ле Грае.