Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција зборуваше за иднината на Дешамп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Европското првенство (ЕП) стигнаа како најголеми фаворити, но Французите го завршија својот настап во осминафинале по поразот од Швајцарија на пенали.

На удар на критики по поразот се најде селекторот Дидие Дешамп, а во Франција се шпекулира за неговата иднина.

За оваа тема зборуваше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ле Грат, кој за медиумите кажа дека мора да размислат добро пред да донесат одлука.

„Дешамп мора да размисли, исто како и јас. Ќе се сретнеме надвор од канцелариите на сојузот, ќе минеме еден ден и ќе разбереме што сака“, кажа Ле Грат.

Ле Грат кажа дека Дешамп и понатаму е мотивиран да ја продолжи соработката, иако навивачите сакаат да му се додели отказ.

„Зборуваме за човек кој ни донесе многу радост во 2018 година на Светско првенство. Мора да почекаме и потоа да разговараме за неговата иднина, но знам дека тој е мотивиран“, објаснува Ле Грат.