Претседателот на Лион го „предаде“ Мурињо: Португалецот наскоро се враќа на работа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Лион, Жан-Мишел Оле му понудил тренерска работа на Жозе Мурињо, но Португалецот одбил да седне на кормилото на францускиот клуб.

Причината за тоа е наводно што Мурињо се враќа на тренерското место, но во друг клуб.

„Се обидов да го убедам Мурињо да го преземе клубот. Меѓутоа, тој ме одби зашто се наоѓа пред ангажман во друг клуб“, открива претседателот на Лион.

На тренерското место во Лион ќе седне Лорен Блан, а португалскиот тренер најверојатно ќе го преземе Тотенхем, со кој се поврзува веќе неколку дена.

Мурињо е сериозно заинтересиран да се врати во Лондон, па токму Тотенхем му нуи таква шанса, по очајниот старт на сезоната при што Маурицио Покетино се соочува со отказ.