Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Лион, Жан Мишел Аулас потврди дека Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се заинтересирани за нивниот играч, Тангуј Ндомбеле.
Претходно „Скај Спортс“ пренесе дека клубовите од Манчестер се заинтересирани за одличниот 21 годишен играч од средниот ред. Аулас потврди дека за Ндомбеле постоел интерес и од Јувентус и ПСЖ.
„Точно е дека Јувентус го посакува Ндомбеле, но има интерес и од ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Сити. Искрено сакам да го видам Ндомбеле во Јувентус со Пјаниќ, фудбалер кој го промовиравме во Лион и кој се уште го следиме. Ќе видиме што ќе се случи, не зборувам за парите. Економските параметри се приоритет при продавањето на фудбалерите, но би сакал да го продадам на Андреа Ањели доколку понудите се вистински“ –истакна Аулас за „Тутоспот“.