Претседателот на Наполи: Единствена вистинска понуда за Игуаин даде Атлетико, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Јувентус тргна поприлично жестоко, Наполи нема така лесно да дозволи Гонзало Игуаин да ги напушти нивните редови.

„Ако Јувентус и дојде со 94 милиони евра ќе треба и дозвола на Игуаин. Морам да признам дека не го разбирам. Од една страна се приближува кон навивачите и ги пее песните на Наполи, а тогаш да отиде во редовите на историскиот противник?

Сепак, Јувентус секогаш игра такви игри. Не сум разговарал со Игуаин и не ја знам вистинската состојба на работите освен различни пропаганди што се влечат по медиумите“, рече претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис па откри:

„Единствена вистинска понуда за Игауин имавме од Атлетико Мадрид. Претседателот Енрике Серезо пред месец дена ми понуди 60 милиони евра плус два или три играчи, но јас ги одбив.

Кого Игаин ќе издаде ако замине? Па себе. Не треба да бидеш под трибините со најжестоките навивачи и да ги пееш песните на лојалност на клубот и тогаш да го направиш ова. Неговото заминување во Јувентус би било скандалозно. Наполи и Јувентус се како кучиња и мачки“