Претседателот на ПСЖ ќе го казни Мбапе ако не потпишат нова соработка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ова лето би можел да го промени клубот и да замине од ПСЖ бидејќи одби да ја продолжи соработката.

Мбапе веќе неколку сезони е еден од најдобрите фудбалери на парижаните, но очигледно сака нов предизвик во кариерата. Овој млад напаѓач веќе неколку пати одби да го продолжи договорот, па сега претседателот Насер Ал-Келаифи ги презема работите во свои раце.

Француските медиуми пишуваат дека раководството на тимот му е луто на Мбапе зашто одбил нов договор и сакаат да му го загорчат животот.

Ал-Келаифи ќе ги предводи преговорите со Мбапе за нов договор, а ако не најдат компромис, тогаш Французинот ќе биде казнет така што нема да добие шанса на теренот.

На тој начин Мбапе би останал една година без фудбал, а потоа би можел слободно да замине од тимот без обештетување зашто му завршува договорот.