Претседателот на ПСЖ му порача на Нејмар: Никој не те тераше да потпишеш за нас!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келафи не е задоволен со прикажаното од неговите ѕвезди сезонава, па реши да ги критикува и им порача дека повеќе нема да го толерира нивното однесување.

Во интервју за „Франс Фудбал“ зборуваше за тема која уште е актуелна, а станува збор за Нејмар, кој во 2017 година потпиша со ПСЖ за 222 милиони евра и стана најскап фудбалер во светот.

Ал-Келаифи ги коментираше шпекулациите дека Нејмар ќе се врати во Барселона, а имаше што да каже.

„Во клубот сакам фудбалери кои се посветени на нашиот дрес и проектот. Тие што не го разбираат тоа, нека ми се јават за да разговаравме. Но ако фудбалерот има договор, тоа е поважно од останатото, освен тоа што го реков, а тоа е целосна посветеност на нашиот проект. Што се однесува до Нејмар, никој не го натера да потпише за нас. Никој не го присили на ништо. Сам сакаше да дојде во ПСЖ“, вели Ал-Келаифи.