Претседателот на ПСЖ стана прв човек на Асоцијацијата на европски фудбалски клубови!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По земјотресот кој го стресе европскиот фудбал пред неколку дена, се случија и промени во некои организации кои играат важна улога во светот на спортот.

Суперлигата траеше помалку од 72 часа, а Андреа Ањели си поднесе оставка од местото претседател на Асоцијацијата на европски фудбалски клубови.

Новиот претседател на здружението беше избран вечерва, а станува збор за Насер Ал-Келаифи, кој е претседател на ПСЖ, а многумина во минатото го обвинуваа дека трошел еден куп пари на трансфери и плати.

Шеикот од Катар во 2011 година го презема ПСЖ и за 10 години го направи еден од најмоќните клубови во светот, но до тоа стигна со многу пари.