Претседателот на Сан Лоренцо си зема мито од 20.000 долари (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Претседателот на Сан Лоренцо Марсело Морети се наоѓа на удар на јавноста во Јужна Америка.

Тој е снимен со скриена камера како зема мито од родители на младинци во висина од 20.000 долари, како ги става во внатрешниот џеб на сакото, а сé со цел да ги регистрира младинците за првиот тим.

Во прашање е аргентински адвокат и спортски функционер, на функцијата претседател на Сан Лоренцо е избран кон крајот на 2023 година, со ветувања дека ќе го обнови клубот, ќе ги стабилизира финансиите и ќе го подобри работењето на младинската школа, која отсекогаш била важен дел од идентитетот на Сан Лоренцо.

Фото: Принтскрин