Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем е во големи проблеми, затоа што се должни околу 700 милиони евра за стадионот, кој го исплаќаат во рати, а приходите им се скратени поради пандемијата на коронавирусот.
Поради финансиските проблеми, претседателот Даниел Леви ги суспендираше платите и на околу 55 работници, а на останатите платите им ги намали за 20%.
Најмногу го изнервирал капитенот Хари Кејн, кој неодамна кажа дека сака да се бори за трофеи и дека го губи трпението во Тотенхем, а потоа и дека не треба да се игра во јули и август затоа што нема поена, а тоа ќе ја уништи сезоната. Тоа значи дека лондонскиоот тим ќе остане и без пари од ТВ-права,.
Тотенхем размислува да го продаде Кејн како решение за проблемите. Тие бараат сума од 200 милиони фунти, поточно светски рекорд или сума еднаква на таа која ја плати ПСЖ за Нејмар.