Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Инсајд Фудбал“ пренесува дека претставници на Рома ќе се сретнат со челниците на Манчестер Јунајтед со цел да договорат перманентен трансфер на Крис Смолинг на „Олимпико“.
Англичанецот одигра осум натпревари за Рома оваа сезона, а во Рим настапува како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед.
За него „ѓаволите“ ќе бараат околу 20 милиони евра, па доколку Рома се согласи да ги плати, можен е трансфер уште во јануарскиот преоден рок.















