Превц „летна“ до нов светски рекорд на Планица (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Словенецот Домен Превц го сруши светскиот рекорд на последното натпреварување на сезоната Светски куп, а скокот долг 254,5 метри е најдобар планетарен резултат по седум години.

Претходниот рекорд го држеше АвстриецотШтефан Крафт, кој на 18 март 2017 година на норвешкиот Викерсундбакен постигна 253,5 метри.

Првиот скок на Превц беше точно 245 метри, за што доби 229,7, додека за историскиот доби 245,3 бода. Збирно – освои вкупно 475.