Презгодна босанска репрезентативка потпиша за ЖФК Љуботен! 📸


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ЖФК Љуботен реши да се засили со уште едно одлично фудбалско име, кое пристигнува од Босна и Херцеговина, а станува збор за Сенада Муратовиќ.

Презгодната Муратовиќ воедно е познат фотомодел, а притоа игра одлично и на фудбалските терени, па без сомнеж ЖФК Љуботен доби огромно засилување.

„Од денеска ново име во нашиот ЖФК ЉУБОТЕН е супер брзата Босанска репрезентативка Сенада Муратовиќ. Згодната Сенада а незгодна на теренот како што милуваат да кажат Босанските медиуми ни доаѓа од ЖФК Модрича, а претходно настапуваше за Ујпешт, Слобода и Градина, а беше и пред трансфер во Италијански Торино но незгодната повреда ја спречи да потпише за италијанскиот тим. Со супер брзата Муратовиќ во составот ЖФК ЉУБОТЕН добива на пробивност на крилните позиции со кој очекуваме уште поубоит и разноврстен напад“, пишува во соопштението.

Boom Boom Boom!!! Welcome, Dobrodosla, Добродојде!!! Сенада Муратовиќ – Сенди!!!🇧🇦🇧🇦🇧🇦 Од денеска ново име во нашиот ЖФК…

Posted by ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна on Tuesday, January 12, 2021