Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната американска скијачка Линдзи Вон го честиташе Божиќ на своите фанови на Инстаграм, но откри и дека го запросила своето момче.
Вон на крајот на минатата сезона на 35 години ја заврши скијачката кариера, откако имаше неколку тешки повреди и немаше сила да продолжи понатаму.
Сега таа може да се посвети на приватниот живот и очигледно да ужива во секој ден. Задоволна е од љубовта, па таа реши да го запроси хокеарот на Њу Девилс.
Таа сега му стави прстен на рака и го праша дали ќе се вена со неа.
„Среќен Божиќ и среќни празници на сите. На нашата втора годишница, во нетрадиционален потег, го прашав дали ќе се венча со мене и тој кажа ДА“, напиша поранешната скијачка.