ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Речиси пет години поминаа по страшната несреќа за време на Големата награда на Бахреин, а сега Французинот Роман Грожан (39) повторно ќе седне зад воланот на болид од Формула 1.
Да потсетиме, Грожан во ноември 2020 година доживеа несреќа на патеката во Сахир. Неговиот болид удри во оградата со 225 километри на час, при што се раскрши на половина и се запали. За среќа, Французинот успеа да излезе од болидот без помош по 28 секунди. Задоби само полесни изгореници на рацете и глуждовите. Подоцна рече дека мислел дека ќе умре, но со својата волја се извлече од пожарот поради своите деца.
Грожан по несреќата ги пропушти последните две трки од сезоната и повеќе не седна во Ф1 болид. Скоро пет години подоцна Французинот се враќа во “октанскиот циркус”. Во петок ќе тестира Haas VF-23 на патеката Муџело. “Навистина не можам да верувам дека поминаа скоро пет години, но да се вратам и да го имам ова искуство со мојот стар тим е навистина нешто посебно”, изјави тој.