„Причина за раскинување на договорот е тоа што не ми дадоа три слободни дена за свадба“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Навистина невообичаена сцена се случи во Црна Гора, кадешто Бранислав Ружиќ го напушти Рудар.

Сигурно немате слушнато ништо за голманот, но најчудно е во целата ситуација е тоа што тој го раскина договорот затоа што не му дале слободни дена за свадба.

„Бев зачуден кога видов текст дека јас не сум доаѓал на тренинг поради доцнење на исплатата. Тоа го кажаа медиумите од Црна Гора, но тоа не е вистина. Јас преговарав со Рудар зашто сакав да правам свадба на 15 септември и ми требаа три слободни дена. Тие кажаа дека нема проблем, па јас потпишав договор, но како се приближуваше датумот на свадбата, тие кажаа дека не можам да добијам три слободни дена. Не го почитуваа договорот и ја прекинавме соработката поради тоа“, вели Ружиќ.