Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите на Марсеј и Виљареал одиграа пријателски меч на „Велодром“, а францускиот тим славеше со 2-0, но на теренот беа забележани многу проблеми.
Во 47. минута фудбалерот на Виљареал, Хуан Фојт доби црвен картон, а тоа го изнервира тренерот ан екипата, Унај Емери.
Емери прво влезе во вербална расправија со главниот судија, а потоа и со тренерот на францускиот тим, Хорхе Сампаоли.
Тренерот на Виљареал имаше што да му каже на Сампаоли, а тоа не му се допадна на Аргентинецот.
Сампаоли тргна кон Емери да се пресметаат, но реагираше еден помошник и запре можна тепачка.