Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Н’Голо Канте ја фрли во сенка цела конкуренција. Нема човек за кој се зборува во последно време толку многу колку што се зборува за Французинот.
Канте е омилен лик каде и да се појави, а сите ги освојува со неговата скромност и срамежливост, додека на теренот е неверојатен.
За Канте беа раскажани многу приказни во последно време, а може да се пофали и со многу успеси.
Една приказна доаѓа од периодот кога настапувал за Каен. Тогаш добил повик за роденденска забава, а тоа што се случило е неверојатно.
„Го повикав Канте на роденден, тоа беше мала забава. Тој дојде со кутија чоколада. Беше срамежлив, дури ми се извини и кажа дека не знаел што да купи зашто тоа било првпат да оди на роденден“, се присети неговиот поранешниот соиграч Фелипе.