Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред три години на меѓународната сцена Монако беше вистинско освежување. Го освоија францускиот шампионат, а изборија пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите каде Јувентус беше поуспешен.
По продажбата на најдобрите играчи како Килијан Мбапе, дојде до пад, па сега Принцовите се сосема друг тим и не можат да се пофалат со добри резултати.
Во Монако тие се решија за тотална револуција и синоќа направија вистинско „чистење“ во соблекувалната затоа што беше потврдено заминувањето на дури шест играчи.
Диего Беналио, Сиду Ју и Муси Сила го напуштија клубот како слободни агенти по истекот на нивните договори.
На позајмените Бакајоко, Адриен Силва и Ислам Слимани им истекоа позајмицитер и тие нема да бидат искупени, па затоа ќе се вратат во своите клубови.
Даниел Субашиќ исто така го напушти Монако. Сосема е јасно дека Монако ќе биде значително различен тим во новата сезона.