Пристигна потврда: Мекгрегор се враќа во рингот и ќе се бори со Чендлер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ирскиот борец Конор Мекгрегор по пауза од три години се враќа во рингот, а тоа го потврди неговиот следен ривал Мајкл Чендлер.

Чендлер гостуваше во емисија на „ТМЗ Спортс“ и кажа дека ќе се бори против Мекгрегор, но засега точниот датум не е познат.

„Добив официјална потврда. Борбата ќе се одржи на лето. Не би можел да ви кажам кој датум, но ќе се одржи сигурно. Конор беше отсутен и имаше некои други работи, но сега двајцата сме подготвени“, кажа Чендлер.