Пристигна прва реакција од „ѓаволите“ по интервјуто на Роналдо

Кристијано Роналдо предизвика бура со неговото интервју со Пирс Морган, откако кажа дека Манчестер јунајтед неколку пати се обидел да го избрка, а исто така нема добри односи со тренерот Ерик Тен Хаг.

Португалецот не е среќен затоа што не добива минутажа кај тренерот и поради тоа јавно кажа дека не го почитува, а тоа не им се допадна на дел од навивачите.

Иако веднаш беа најавени жестоки казни од страна на клубот, сепак „ѓаволите“ очигледно ќе почекаат со тоа, а во меѓувреме испратија прво официјално соопштение до јавност.

„Клубот размислува за одговор кога ќе ги дознае сите факти. Во моментов размислуваме само за сезоната“, соопштија од тимот.