Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека младиот фудбалер од средниот ред на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте би можел да си замине од клубот по само шест месеци поминати на „Ванда Метрополитано“.
Љоренте неигра редовно во тимот предовден од Диего Симеоне и шанса најчесто добива од клупата за резервни фудбалери.
Сепак и покрај интересот за 24 годишниот фудбалер, од таборот на Атлетико не планираат да го продадат играчот во јануари и ќе чекаат да заврши сезоната за да видат како ќе се одвива неговата форма, а потоа ќе одлучат дали ќе го пуштат да си замине од клубот.