Пристигнаа две рекордни понуди за Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед наскоро би можел да добие нови газди, откако навивачите покажаа незадоволство со работата на семејството Глејзер.

Глејзери се во клубот од 2005 година, но нивната ера е пред крајот. Американците решија да го продадат тимот и ќе направат огромен профит.

За преземање на тимот влегоа групација на арапски милијардери и британскиот милијардер Џим Ретклиф.

Се шпекулира дека сумата за која ќе купен тимот изнесува околу 500 милиони фунти, а наскоро ќе биде познато кој ќе го преземе тимот.

Без разлика на парите кои ќе се потрошат за преземање на тимот, се очекуваат и инвестиции во инфраструктурата на објектите на тимот, но и ангажирање нови засилувања.