Пријатен пречек за Ѓоковиќ: Србинот во Мајами имаше посебен домаќин (Фото)


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Мајами каде што вечерва го очекува првиот натпревар на мастерсот во овој град.

Тој вчера имаше посебен домаќин во Флорида, времето го помина со српскиот кошаркарски репрезентативец Никола Јовиќ.

Освен со Ѓоковиќ, Јовиќ го помина времето и со Хамад Меџедовиќ, кој веќе заврши со учеството во Мајами во првото коло. 

И токму против неговиот “џелат” Хиџиката, ќе игра Новак околу 20 часот во второто коло на овој мастерс.