Проблем пред реваншот во ЛШ: Фудбалер на Реал Мадрид се зарази!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новиот шпански шампион Реал Мадрид пред недела ипол го заврши шампионатот со ремито против Леганес (2-2).

Сега „кралевите“ се соочуваат со голем проблем пред реваншот во Лигата на шампиони (ЛШ) против Манчестер сити.

На тестовите кои биле направени на опасниот вирус по последниот меч во Ла Лига, било откриено дека еден од фудбалерите на шпанскиот тим е заразен.

Мариано Дијаз добил позитивен тест и тој нема да може да настапи во ЛШ против Сити на 7 август. Реал има негативен резултат од средбата (1-2).

Мариано е во Мадрид од 2011 година, а една сезона играше во Лион. Сезонава се соочи со многу повреди, а одигра само седум меча и постигна еден гол.