Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската репрезентација во четврток ќе се соочи против Грузија во Тбилиси и со победа може да избори пласман на Европското првенство во 2021, но селекторот Игор Ангеловски доби уште една лоша вест.
Репрезентацијата претходно доби информација дека останува без услугите на Крсте Велкоски и Кире Ристевски, кои биле позитивни на коронавирус, а против Грузија нема да настапи ниту Енис Барди.
Барди има проблеми со ‘рбетот и поради тоа ќе мора да го пропушти натпреварот, односно ќе замине во Валенсија, каде што ќе има дополнителни прегледи со Леванте и ќе биде откриено колку време ќе паузира македонскиот репрезентативец.