До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Капитенот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш и неговиот соиграч Коби Мејн нема да играат во петок против Њукасл, соопшти денес тренерот на “црвените ѓаволи” Рубен Аморим.
– Бруно и Коби се опоравуваат. Не мислам дека ќе бидат долго отсутни. Коби ќе се врати на теренот пред Бруно. Не сакам да кажам колку долго ќе биде отсутен Бруно, имам идеја кога ќе се врати, но да почекаме и да видиме – изјави Аморим на денешната прес-конференција.
Јунајтед во петок во 21 час го пречекува Њукасл во натпреварот од 18-то коло на Премиер лигата. Фернандеш оваа сезона е убедливо најдобар играч на ѓаволите со пет голови и седум асистенции во 17 натпревари.
















