Проблем за Мурињо: Мирниот Сон и капитенот Лори за малку ќе се степаа на полувремето (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипата на Тотенхем има водство од 1:0 во дерби пресметката против Евертон во рамките од 33. коло од Премиер лигата.

Единствениот гол го постигна Џовани Ло Селсо кој со голема помош на Кин го совлада Пикфорд.

Она што го привлече вниманието е и инцидентот помеѓу соиграчите, Хуго Лори и Хеунг Мин Сон кој влегоа во клинч и за малку ќе се степаа по крајот на полувремето.

Ескалација на инцидентот спречија соиграчите, а Мурињо ќе има полни раце работа да ги смири двајцата во овие 15тина минути пауза.