Проблем за ПСЖ: Баркола ќе го пропушти четвртфиналето на Лигата на шампионите


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Блескаше Бредли Баркола во натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи, постигнувајќи по еден гол во двата натпревари за ПСЖ, но актуелниот европски шампион ќе мора во четвртфиналето без него бидејќи настрада повреда која бара неколкунеделна пауза.

Баркола во вторник навечер се здобил со истегнување на лигаментот од скочниот зглоб поради што му претстои едномесечна пауза па нема да биде во тимот во терминот за четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите, закажани за првата половина на април.

Ова не е прв пат репрезентативецот на Франција оваа сезона да се здобие со повреда. Имаше проблем со задната ложа, но тоа беше многу поблага повреда и отсутен беше само неколку дена.

Многу поголем проблем е што Баркола влезе во одлична форма бидејќи беше стрелец на пет од последните шест натпревари на ПСЖ во сите натпреварувања.

Веќе сега е само на четири гола од израмнување на ланскиот учинок во француската лига, додека е уште поблизу до целта да го надмине најдобриот учинок од Лигата на шампионите.