Проблеми на „Итихад“: Незадоволство во Манчестер сити


Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓


Тренерот Пеп Гвардиола има проблеми со незадоволни фудбалери во соблекувалната на Манчестер сити.

Англиските медиуми пишуваат дека главна тема е Кевин Де Брајне, кој во моментов е повреден и го чека пауза.

Управата на премиерлигашот не планира да му го продолжи договорот додека не се врати на теренот, а тоа предизвика незадоволство и кај останатите играчи кои застанале на страна на Белгиецот.

Де Брајне игра за „граѓаните“ од 2015 година, а неговата соработка со премиерлигашот важи до 2025 година.