Проблеми пред дербито со Јувентус: Два позитивни случаи на вирусот во Милан!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Милан објави дека двајца фудбалери се позитивни на вирусот. Тие се без симптоми, но ќе мора да одат во самоизолација и да одмараат 14 дена.

За да биде уште полошо, станува збор за фудбалери кои вечерва требаше да бидат стартери во дербито против Јувентус.

Анте Ребиќ игра стандардно на позицијата лев крилен напаѓач, додека Круниќ беше одреден како замена за суспендираниот Сандро Тонали во редот за врска на „росонерите“.

Да потсетиме, кај Јувентус позитивни на вирусот се Хуан Квадрадо и Алекс Сандро.