Проблеми во Барселона поради Меси: Ѕвездите се бесни, никој не сака помала плата!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Лионел Меси треба да потпише нов договор со Барселона според кој ќе заработува помалку пари од досегашната соработка, но каталонскиот тим има големи финансиски проблеми и се обидува долго време да најде пари.

Лошата финансиска состојба на Барселона не му дозволува на тимот да потпише нов договор со Меси затоа што не ги исполнуваат условите на Ла лига.

Жоан Лапорта разговарал со ѕвездите на Барселона и барал да се намалат платите на Пике, Бускетс, Алба и Роберто, но тие не сакаат да се согласат на такво нешто.

Најтврдоглав е Алба, кој ги прекинал преговорите и не сака да прифати помала плата туку смета дека екипата мора да обезбеди нов начин за да добие пари за Меси, а не вака да ги уценува фудбалерите.