Проблеми во ПСЖ: Љубоморна ѕвезда нарачала претепување на конкуренцијата!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


ПСЖ е еден од најмоќните клубови во светот, затоа што во тимовите имаат многу ѕвезди, но тоа понекогаш може да предизвика проблеми.

„Л’Екип“ објави дека фудбалерката на ПСЖ, Аминта Диало била упасена откако против неа била почната истрага поради напад на соиграчката Кеира Хамраои.

Францускиот медиум објави дека поранешната фудбалерка на Барселона била нападната кога дошла дома заедно со Диало.

Хамраои била жртва на заседа по заедничката вечера со стручниот штаб на ПСЖ, кој го организирал во еден ресторан во Париз.

„Околу 22.30 часот била нападната во близина на нејзиниот дом. Еден од напаѓачите успеал да ја извлече од возилото и почнал да ја удира по нозете со метална шипка. Инцидентот траел неколку минути“, откриваат медиумите.