Проблеми во рајот за Енрике и ПСЖ – заминува еден од најважните луѓе во Париз!?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


И покрај огромните вложувања во текот на претходните години и привлекувањето на големите светски фудбалски ѕвезди, Пари Сен Жермен не успеа да ги освои симпатиите на љубителите на оваа игра, ниту пак да ја освои Лигата на шампионите.

Но, по толку години, сега кога немаат единствен играч околу кој се врти целиот свет во Париз и успеаја да направат компактен и талентиран тим, играат атрактивен фудбал. Тие се обединети и маршираат кон трофејот на Лигата на шампионите. 

Секако, еден од творците на актуелниот тим е португалскиот стручњак Луис Кампос кој пристигна во јуни 2022 година. Тој воспостави ред и во одлична комуникација со истоимениот кој седи на клупата создаде хомогена група на млади играчи која ќе се прошета до титулата во Франција.

Токму иднината на Кампос во клубот е неизвесна бидејќи му истекува договорот по завршувањето на сезоната, а наводно Саудијците тропнале на неговата врата уште зимава за да го убедат да се согласи да води голем и долгогодишен проект.