Проблеми во семејството на Касилјас: По инфарктот на Икер, сега и неговата сопруга има мака!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот голман Икер Касилјас неодамна доживеа инфаркт на тренингот на Порто, по што мораше итно да биде пренесен во болница, кадешто му беше направена операција.

Касилјас излезе од болница, па кажа дека се чувствува одлично, но сега се појави нов проблем во неговото семејство, а мака овојпат има неговата сопруга Сара Карбонеро.

Сара морала итно да биде пренесена на клиника, кадешто ѝ бил откриен малиген тумор, па хируршкиот зафат бил успешен.

„Ново непријатно изненадување за нас. Овојпат станува збор за мене. Пред неколку дена ми беше откриен тумор, па веднаш бев оперирана и тој беше отстранет. Ме очекуваат уште неколку месеци борба и третмани, но сигурна сум дека ќе бидам во ред на крајот“, вели Сара за португалските медиуми.