Проблеми за Алонсо по победата над Виљареал


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


И покрај убедлива победа од 3-1 против Виљареал во дербито на Ла Лига, Реал Мадрид се соочи со тешки вести за тренерот Чаби Алонсо.

Третиот гол за „кралевите“ го постигна Килијан Мбапе, но беше принуден да ја напушти играта поради повреда на зглобот. Лекарскиот тим веднаш интервенираше, а наскоро ќе биде познато колку време ќе биде надвор од терените.

Дополнително, проблемите не се завршија тука – младиот играч Франко Мастантуоно, исто така, почувствува болка. По извршените прегледи, му беше дијагностицирано истегнување на задната ложа, што значи дека и тој ќе треба одредено време за закрепнување.