Проблеми за Алонсо: Се повреди уште една ѕвезда на Реал Мадрид


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Уругвајската ѕвезда Федерико Валверде се соочува со нов здравствен проблем во редовите на Реал Мадрид и неговиот настап против Алавес овој викенд е неизвесен.

Играчот за врска денес не тренираше со остатокот од екипата поради мускулно преоптоварување во десната нога. Добрата околност за „кралевите“ е што гостувањето во Баскија е закажано за недела од 21:00 часот, што му остава малку дополнително време за опоравување.

Доколку Валверде не може да настапи, тој ќе стане дванаесеттиот фудбалер на Реал Мадрид кој ќе отпадне од комбинација за дуелот со Алавес.