Проблеми за Анчелоти: Еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид се повреди!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид се соочува со проблеми пред продолжение на сезоната затоа што се повреди хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ и ќе мора да паузира десетина денови.

Оваа вест пристигна денеска, откако Модриќ се врати во Мадрид по репрезентативната пауза во која одигра 180 минути против Данска и Австрија.

Модриќ поради повреда ќе мора да ги пропушти дуелите со Осасуна и Шахтер, но би можел да се врати на гостувањето кај Хетафе.

Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со максимални 18 бодови, а во Лига на шампиони има шест бода од два одиграни меча и се наоѓа во одлична форма.