Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Очигледно повредата на Лионел Меси била посериозна од што се мислеше на самиот почеток, па поради тоа го очекува долга пауза.
Капитенот на Барселона се повреди пред стартот на новата сезона поради што ги пропушти дуелите со Атлетик Билбао и Бетис.
Меси тренираше со клубот и се очекуваше наскоро да се врати на теренот, можеби следниот викенд, но според најновите информации од Шпанија, тоа нема да се случи.
Аргентинецот ќе мора да паузира уште 30 дена, а тоа значи дека ќе ги пропушти дуелите против Осасуна, Валенсија, Гранада и Виљареал во Ла Лига, како и првиот меч од Лигата на шампиони.