Проблеми за Далас: Дончиќ повторно се повреди! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Далас маверикс славеше со 111-106 против Њу Орлеанс пеликанс, но победата падна во сенка на повредата на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Дончиќ лошо падна при еден влез во третата четвртина, по што веднаш се пожали на болка во десното стапало.

Словенецот и претходно паузираше поради повреда на скочниот зглоб, а тренерот Џејсон Кид засега не знае кога Дончиќ ќе се врати на паркетот.

„Ќе видиме како ќе се чувствува и што ќе се случи по медицинските прегледи“, кажа Кид.