Проблеми за Партизан: Аврамовиќ се здоби со тешка повреда! (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари на Партизан, Алекса Аврамовиќ се повреди на мечот против Олимпија Милано во Белград.

Аврамовиќ се здоби со скршеница на зглобот и поради тоа го чека подолга пауза, а тоа го потврди и тренерот Жељко Обрадовиќ.

„Алекса има сериозна повреда, односно скршеница на ногата. Останува да видиме колку време точно ќе паузира. Многу несреќни случаи имаме овие години, тоа е неверојатно“, вели Обрадовиќ.